Над 150.000 починати од Covid-19 во Латинска Америка и Карибите

Латинска Америка и Карибите го минаа во средата прагот од 150.000 смртни случаи како последица од зараза со новиот коронавирус, од кои речиси половината се забележани во Бразил, според прегледот на агенцијата AFP врз основа на официјалните податоци.

Регионот, во кој се забалежани 3.540.060 лица заразени со коронавирусот, е втора со 151.022 смртни исходи зад Европа каде што се регистрирани 203.793 смртни случаи.

Во Бразил, кој има 212 милиони жители, вирусот однесе 75.366 животи и зрази повеќе од 1.96 милиони лица.

Мексико, која има 126 милиони жители, е втората држава во регионот која има најмногу починати од короанвирусот – 36.327 лица.

Во Перу, со 32 милиони жители, починале 12.417 лица, што е трет број на смртни исходи во овој регион.