Над 150 илјади убиени за време на војната во Сирија

Повеќе од 150 илјади лица се убиени во Сирија од почетокот на конфликтот во март 2011-та година, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Организацијата со седиште во Лондон објавила дека е регистрирана смрт на 150.344 лица, меѓу кои имало 51.212 цивили, вклучувајќи 7.985 деца.

Групата соопштила дека во судирите се убиени 37.781 член на вооружената опозиција, вклучувајќи ги џихадистите од Исламската држава Ирак и леванте, како и фронтот Ал Нусри поврзан со терористичката организација Ал Каеда.

Вкупно 58.480 припадници на режимот на претседателот Башар ал Асад, вклучувајќи повеќе од 35 илади војници, исто така, се убиени.