Над 150 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 153 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 57 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.