Над 150 милиони лева неплатени даноци во 2019 година во Бугарија

Повеќе од 150 милиони лева се неплатени даноци од поединци за изминатата 2019 година. Тоа се нагласува во анализата на Националната агенција за приходи, јавија бугарски медиуми.

Во сумата се вклучени сите видови на движен и недвижен имот – станови, куќи, автомобили, јахти и авиони.

Што се однесува до луксузните автомобили, затајувањето данок од поединци надмина два милиона и 200.000 лева минатата година. Проверени се меѓу другите и 55 лица поради купување скапи автомобили од марката Ролс Ројс. Според документите, тројца од нив немале никаков приход во 2019 година, што во пракса тоа значи дека тие се невработени, јави ТВ Нова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.