Над 19 милиони невработени во еврозоната

Стапката на невработеноста во еврозоната во ноември се задржа на рекордно ниво, односно на 12,1 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Во еврозоната во ноември минатата година се регистрирани 19,24 милиони невработени, што е за 4.000 повеќе во однос на октомври, односно за 452.000 повеќе во однос на ноември 2012-та година, се додава во соопштението на Евростат.

Во Европската унија, стапката на невработеност стагнираше на 10,9 отсто, а бројот на невработени во ноември, на месечно ниво, порасна за 19.000 на 26,55 милиони, а на годишно ниво за 278.000.

Најниската стапка на невработеност е регистрирана во Австрија со 4,8 отсто и во германија со 5,2 отсто, додека највисоката е во Грција со 27,4 и Шпанија со 26,7 отсто.