Над 2.000 тутунари земаа субвенции за реколтата од минатата година

Министерството за финансии денеска исплати 77,4 милиони денари на 2.069 тутунари за реколтата од 2013 година.

Станува збор за доисплата за откупен тутун на оние тутунари кои имале проблем со трансакциските сметки и кај кои сега се надминати техничките пречки.

Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.