Над 2,3 милиони луѓе починале од последици од Ковид-19

Во светот од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 починале 2.300.002 луѓе, покажуваат податоците на интернет страницата „ворлдметерс“ (worldometers).

Најголем број смртни случаи регистрирани се во САД – 467.518 луѓе, потоа следат Бразил – 229.097, Мексико – 162.922, Индија – 154.954, Велика Британија – 111.264, Италија – 90.618, Франција – 77.952, Русиија – 75.532, Германија – 61.008 и во Шпанија починале 60.802 лица.

Од почетокот на пандемијата во светот потврдени се 105.625.476 инфицирани лица, а во моментот активни случаи се 25.865.008.