Над 2.600 земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за субвенции

Над 2.600 земјоделци од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане поднеле барање за земјоделски субвенции, информираа денеска од подрачната единица на Министертвото за земјоделство, водостопанство и шумарство, пренесува МИА.

– Замајќи ги во предвид земјодлеците кои кај нас се евидентирани и кои ги ажурирале податоците во фарм-регистарот,станува збор за 40 проценти од евидентираните земјоделци, изјави денеска, раководителот на подрачната единица на ресорното министертво, Насер Даути.

Тој потсети дека 31. мај 2015 година е крајниот рок до кога треба да се достават барања за директни плаќања за растително и сточарско производство.

Даути очекува до крај на овој месец над 95 проценти од земјоделците од регионот да аплицираат за субвенции.

– Производителите на млеко што го предаваат на млекарите за производните капацитети, можат да доставуваат барања до 15-ти јуни, за периодот од први,втори,трети и четврти месец од тековната година, изјави Даути.

На ниво на трите општини во фарм регистарот евидентирани се околу 7.000 земјоделци.