Над 20 повредени во превртување на автобус на Алпите

Најмалку 21 лице е повредено во саботата во несреќа на француските Алпи кога автобус со деца се превртел и низ падина и паднал во поток.

Со автобусот се превезувале 40 деца на возраст од основно образование.

Возачот и совозачот се најтешко повредени, додека 18 деца и еден возрасен се здобиле со полесни повреди, изјави Фабиен Мулик, градоначалник на градот Корп, каде што се случила несреќата.