Над 20 странски лидери ќе учесвуваат на погребната церемонија на Фидел Кастро

кастро

Погребната церемонија ќе се одржи на 4 декември.

Во меѓувреме Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама нема да патува на Куба за погребот на Кастро.

Заменик-претседателот Џозеф Бајден исто така нема да присуствува, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Елисејската палата исто така соопшти дека францускиот претседател Франсоа Оланд нема да присуствува на погребот.

Франција ќе биде преставена од специјалениот пратеник на францускиот претседател за Латинска Америка, Жан Пјер Бел, како и од министерот за животна средина и енергетика Сеголен Ројал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.