Над 20 загинати во пад на авион врз населба во Конго

По падот на мал авион на воздухопловната компанија „Busy Bee“ во населба во градот Гома на истокот од Демократска Република Конго пронајдени се 24 тела, пренесува во неделата локалниот портал Actualite.

Претходно градоначалникот на Гома за агенцијата AFP изјави дека веднаш по падот на авионот биле најдени шест тела. Истовремено порталот Actualite извести за 17 жртви. Во авионот од типот „Dornier-228“ имало 17 патници и двајца членови на екипажот.

Според информациите на порталот, авионот паднал само три минути откако полетал, а пожарникарите набрзо успеале да ги локализираат пожарот кој избувнал на местото на падот. Ситуацијата е усложнета поради тоа што авионот се урнал врз куќи, па сѐ уште не е познато дали исте загинати биле патници во авионот.

Од друга страна, AFP повикувајќи се на претставник на службата за цивилна заштита известува дека биле пронајдени помалку тела. „Во моментов се најдени 23 тела“, изјавил за агенција претставник на спасувачката служба.

Компанијата „Busy Bee“ одржува постојани линии и чартер летови, а исто така изведува и медицински евакуации од источните области на Демократска Република Конго.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.