Над 200 француски џихадисти убиени во Сирија и Ирак

Вистинскиот број на смртни случаи на француски џихадисти во зоната на Сирија и Ирак може да биде поголема. При сослушувањето пред Комисијата за одбрана на националното собрание во мај годинава, шефот на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ), Патрик Калвар, објасни дека е „многу тешко да се добие прецизна информација, поради бомбардирањето“.

Според најновите податоци, објавени во француските медиуми, околу 700 француски џихадисти или резиденти во Франција се наоѓаат во Сирија или Ирак. Во оваа бројка се вклучени „275 жени и десетици деца”, рече премиерот Мануел Валс на 11 септември.

Франција, која се соочува од јануари 2015 година со нов бран на напади, е една од земјите која дава најголем број странски џихадисти во конфликтите во Сирија и Ирак.

Во есента 2015 година, министерот за внатрешни работи Бернар Казнев процени дека имало 5.000 Европејци од Франција, Германија, Белгија, Велика Британија, Шведска и Шпанија „меѓу 20.000 странци присутни“ во оваа област.