Над 22.000 пензионери на Бањско климатска рекреација и наредните четири години

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денес ги посети пензионерите кои престојуваат во Дебарски бањи Цапа (Бањиште), во рамки на проектот „Бањско-климатска рекреација”.

Спасов изјави дека и оваа година Бањско-климатската рекреација го постигнува ефектот а тоа го потврдува реакцијата на пензионерите со кои денес оствари средба.

Тој посочи дека проектот е опфатен со Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2011-2015 година, во областа Социјална политика – Достоинствен живот на пензионерите и дека средствата за овој проект се обезбедени со Буџетот на Република Македонија за 2014 година .

Спасов потенцираше дека истиот се реализира веќе петта година и дека оваа година 5500 пензионери ќе ја искористат оваа бесплатна услуга, која се состои од 6 полни пансиони, бесплатен превоз, здравствени прегледи и бањски третмани.Нагласи дека негова одговорност како министер за труд и социјална политика е успешна реализација на услугите на овој проект. Изминатите години, со овој проект беа опфатени над 22 илјади пензионери, а истиот во континуитет ќе продолжи и наредните години.

Пензионерите на средбата со министерот посочија дека се задоволни од условите во кои престојуваат и дека во најголем дел од нив, до сега не можеле да си дозволат престој во бања. Тие му пренесоа на министерот дека би сакале што повеќе пензионери да имаат можност да бидат дел од овој проект.

Спасов најави дека вакви слични проекти со кои се подобрува социјалниот живот и здравјето на пензионерите ќе продолжат да се реализираат.

Одделение за односи со јавност