18.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Над 200 тони пченица украдени во Пелагонија

Во период од три седмици, според претпоставките, засега непознати лица и на сѐ уште не утврден начин, успеале од имот во сопственост на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, да украдат меѓу 200 и 240 тони пченица, лија вредност се проценува на околу педесет илјади евра, соопти во саботата Министерството за внатрешни работи.

На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, 48-годишниот Д.К. од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица.

Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување