Над 30 лица уапсени во протестите против СП во Бразил

Повеќе од 30 лица се уапсени во протестите против Светското фудбалско првенство во бразилскиот град Форталеза.

Полицијата ги растерувала демонстрантите со солзавец и водени топови.

Неколкумина маскирани демонстранти фрлале со камења и прачки кон автобусите со логото на ФИФА.

Во Рио де Женеиро полицијата исто така употреби солзавец за да ја растера групата од стотина лица, при што уапси седуммина од нив.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.