Над 30 луѓе убиени и спалени во Мајнмар

Повеќе од 30 луѓе, меѓу нив и жени и деца, убиени се а нивните тела изгорени во Кајах, со војна зафатена сојузна држава во Мјанмар во петокот, пренесуваат во саботата медиумите според извештаи на активисти за човекови права и сведоци.

Организацијата за човекови права „Карени“ соопшти дека во саботата воло близина на селото Мо-Со крај градот Хпрусо пронашле игорени тела на внатрешно раселени лица, меѓу кои се старци, жени и деца, кои биле според овој извештај убиени од мјанмарската војска.

„Осто го осудуваме нехуманото и брутално убивање со коешто се кршат човековите права“, објави организацијата на својот фејсбук-профил.

Мјанмарската војска во соопштението тврди дека во споменатото село убила неодреден број „вооружени терористи“ од опозициските вооружени сили, пренесуваат државните медиуми. Биле во седум возила и не запреле на наредба на војниците, се додава во извештаите.

Фотографиите коишто ги споделува организацијата за човекови права, објавени и во некои локални медиуми, прикажуваат јагленисани останки од тела во спелени камиони.

Силите на националната одбрана на Карена, една од најголемите од неколкуте цивилни милиции кои ѝ се спротиставуваат на мјанмарската хуната која го изведе државниот преврат на 1-ви февруари, соопшти дека жртвите не се од нејзините редови, туку цивили кои барале засолниште од судирите.
„Бевме шокирани гледајќи ги сите тие тела со различни големи, деца, жени и старци“, изјави командат на милицијата за агенцијата Reuters под услов да остане анонимен.

Локален селенец кој плашејќи се за безбедноста не сакал да му биде споменето името, рекол дека знаел за пожарот во петокот ноќта, но не можел да отиде на местото на настанот поради престрелки.

„Утрово отидов да видам. Видов спалени тела, облека на деца и жени расфрлани наоколу“, рекол за Reuters во телефонска изјава.

Во Мјанмар речиси цека година има политички превирака откако војската ја собори избраната влада на долгогодишната политичка опозициска активистка и нобеловка Аунг Сан Су Чи. Таа беше ставена во домашен притвор под обвиненија за изборни манипулации и злоупотреба на должноста.

Тогаш меѓународните набљудувачи изјавија дека според нив гласањето било чесно. Приврзаниците на цивилните власти огорчени од воениот преврат и подоцнежното насилно задушување на протестите се вооружија, за што хунатата обвини некои западни земји за организирање локални вооружени групации ширум земјата.

Војската многу свои противници ги прогласи за предавници на земјата или за терористи, вклучително и самопрогласената влада на национално единство, коешто иако ја има поддршката од Западот сѐ уште тешко лобираат меѓу пошироката меѓународна заедница за да ја спречи хуната да се зацврсти на власта.