Над 30 жртви во експлозија во Сирија

Најмалку 30 лица загинаа денеска во Сирија, во силна експлозија на границата со Ирак, јави сириската државна телевизија, додавајќи дека во инцидентот има многу повредени.
Експлозијата се случила во местото Мајадин, каде, според телевизијата, „терористите тргуваат со оружје“.
Мајадин се наоѓа на 60-тина километри од ирачката граница во источната сириска провинција Деир ел Зоур, која е богата со нафта.
Претставник на бунтовниците изјави дека во експлозијата се убиени најмалку 15 цивили на пазар, а автомобилот-бомба бил активиран од џихадистичката групација Исламска држава во Ирак и Левант, која во северниот и централниот дел на Ирак покрена голема офанзива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.