Над 30 жртви на циклонско невреме во Индија

Бројот на жртвите во циколонот кој ја погоди индиската сојузна држава Таминад надмина триесет луѓе, пренесува телевизијата Times Now, повикувајќи се на главниот министер на државата Едупади Пачлансиви, со што се коригирани претходните податоци за 20 мртви и над 80 илјади евакуирани.

Како што изјавил министерот, во циклонот животите ги загубиле 33 лица, од кои 11 жени и две деца. Повеќе од 177.000 луѓе се сместени во центрите за прифаќање на настраданите од невремето.

Обилните дождови, проследени со силни ветрови, од четвртокот ги погодија крајбрежните области на оваа индиска држава, а ноќта кон петокот циклонот се засили.

Најмногу од стихијата настрадале градовите Нагапттин, Тирававур и Танџоре, каде што се искорнати дрвја, а во некои области има прекин во снабдувањето на електичната енергија. Во седум окрузи на државата затворени се образовните институции, соопштија во саботата локалните власти.