Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
И Независниот синдикат на одбраната информираше дека 320 војници кои беа на терен и ги гасеа пожарите кои летово ја зафатија Македонија, се наградени со по 10.000 денари.
Независниот синдикат исто така посочи дека по разговорите кои ги воделе со министерот Мисајловски, министерството ги исплатило заостанатите средства од потпишувањето на Колективниот договор, заклучно со јуни. Односно, зголемување по 15 отсто и 30 отсто за период од февруари-јуни, потоа, за посебен степен на образование, учество во комисии…