Над 32 милони лица во светот заразени со Ковид-19

Повеќе од 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, покажуваат најновите податоци на интернет страницата „волдометар“. САД и натаму се најтешко погодената земја со  повеќе од седум милиони лица, а над 200.000  починати. Веднаш зад нив се Индија и Бразил.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека во Велика Британија ќе се спроведе клиничко испитување каде доброволци ќе бидат намерно заразени со коронавирус, за да се тестира подготвеноста  за вакцината.

Русија ја подготвува втора вакцина против коронавирусот која според најавите на шефот на државата Владимир Путин ќе биде регистрирана во најскоро време и ќе ја произведува компанијата „Биокад“. Русија во август ја регистрираше првата светска вакцина против коронавирусот, но без последната фаза на масовно тестирање.

Германија стави поголем број региони од 11 европски земји на списокот на ризични области за патување поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус и ги предупреди своите граѓани да не патуваат во нив.

На денеска објавениот список се неколку региони од Чешка, Франција и Португалија. Големи делови на Франција, вклучително и Париз, се ставени на списокот на области што треба да се одбегнуваат за патување.

Финските власти предупредуваат дека пандемијата на ковид-19 брзо се шири во земјата и дека се движи во „алармантна“ насока. Околу 50% од новите случаи се лица под 30 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.