Над 4.000 смртни исходи од Covid-19 за 24 часа во Бразил

Бразил забележал повеќе од 4.000 смртни случаи поврзани со Covid-19 првпата во 24 часа, додека позаразниот сој на коронавирусот ги поттокнал растот на бројот на заразените.

Болницие се преполнети, а луѓето во некои градови умираат додека чекаат на лечење, пренесува BBC.

Вкупниот број досега починати во Бразил изнесува речиси 337.000. Само САд имаат поголемм број смртни исходи во пандемијата.

Бразилскиот здравствен сисме, кој има 210 милиони жители, колабирал или е на работ од колапсот во многу области. Но претседател Жаир Болсонаро продолжива да се противи на секакви мерки за „затворање“ на земјата.

Тој тврди дека штетата за економијата и била уште поголем отколку влијанието на самиот вирус, и се обиде на судовите да укине некои мерки кои ги доенсоа локалните власти. Во разговор со приврзаниците пред претседателската резиденција во вторникот ги критикуваше карантинските мерки, велејќи дека се поврзани со дебелеењето и депресијата, како и дека водат во невработенсот.

Досега во Бразил се регистрирани над 13 милиони сличаи на коронаинфекции, според министерството за здравство. Околу 66.570 лица само во март починале од последниците од Covid-19, што е двојно повеќе од претходниот рекорд на месечно ниво.