Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците

Над 4.380 хектари државно земјоделско земјиште ќе бидат доделени на земјоделците преку четери активни јавни огласи за давање на државно земјоделско земјиште под закуп, информираше во саботата портпаролката на Министерството за земјоделство и шумарство, Соња Трпчевска Јанковска.

Овој месец и на почетокот на следниот месец завршуваат роковите за поднесување на понуди за овие четири јавни огласи.

Следниот петок завршува рокот за поднесување понуди за јавниот оглас за давање на државно земјодлско земјиште под закуп за површини до 3 хектари. Овој оглас е наменет за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна односно за житни, фуражни и индустриски култури за период до 15 години. Предмет на огласот се поврпини во Берово, Валандово, Велес, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кавадарци, Куманово, Кратово, Пробиштип, Свети Николе , Струмица, Штип. Вкупната понудена
површина е на 996 хектари.

„За истата намена во тек оглас за закуп на земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.Со овој оглас е опфатени површини во Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Штип, Крива Паланка. Ќе бидат доделни над 517 хектари.Рокот за доставување понуди е до 21-ви овој месец“, рече Трпчевска Јанковска.

Околу 1.780 хектари е предвидено да се распределат со огласот за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари, којшто е отворен за доставување понуди до 24-ти овој месец.

Овој јавен оглас е со намена за: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, одгледување на други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години

Површините кои се предмет на огласот се наоѓаат во Свети Николе, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба.

За истата намена во тек е јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање. Понудите за овој оглас, потсети Трпчевска Јанковска, треба да се достават до 11-ти септември. Со овој оглас се доделуваат над 1.090 хектари во Гази Баба , Делчево , Карпош , Кисела Вода , Кочани , Охрид, Прилеп, Струга. Струмица.

„Она што е важно за сите заинтресирани, да внимаваат криттериумите и комплетноста на документацијата, и да ги запазат роковите за да може навреме да се склучат договорите. Во контекст на мерките што МЗШВ ги презема, за секоја педа обработливо земјиште да биде во рацете на вистинските земјоделци, во тек е постапка на изготвување на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште. Со Предлог законот ќе подобрат веќе постоечките законски решенија но и ќе се воведат нови решенија кои ќе бидат во функција на рационално користење на земјоделското земјиште, негова заштита и правна сигурност на сопствениците и корисниците на земјоделското земјиште.Паралелно се работи и на спороведување на проектот кои заеднички го спроведуваме со ФАО за косолидација на земјоделското земјиште, затоа што со окрупнувањето на парцелите, ќе создадеме поевтино и поконкурентно производство. Зголемувањето на обработливите земјоделски површини преку неселективна распределба на државното земјодрелско земјиште под закуп, е една од стратешките цели на Министрстсвото за земјоделство,шумарство и воводостопанство. Крајната цел е вистинска и неселективна распределба на државното земјоделското земјиште, што ќе значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на
квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи“, појасни портпаролката на министерството.