Над 4 милиони починати од Ковид-19, овие бројки се загржувачки

25

Бројот на смртни случаи од коронавирус во светот надмина четири милиони, јавува Ројтерс кој во својот извештај наведува дека многу земји имаат потешкотии за набавка на доволни количини вакцини против Ковид-19.

Иако бројот на новозаболени и смртни случаи се намали во земјите, како на пример САД и Велика Британија неколку држави се соочуваат до недостаток на вакцини, бидејќи делта сојот на коронавирусот ставува се подоминантен ширум светот.

Во анализата на Ројтерс се наведува дека за првите два милиони починати од Ковид во светот биле питребни повеќе од една година, додека следните два милиони смртни случаи, за жал, биле регистрирани за само 166 дена.

Пет држави во најголем број починати од Ковид-19 се САД, Бразил, Индија, Русија и Мексико, кои сочинуваат околу 50 проценти од сите смртни случаи во светот.

Државите во Латинска Америка се соочени со најтешки последици со оглед на фактот дека 43 од секои 100 заболени во светот се пријавени во овој регион. Болниците во Боливија, Чиле и Уругвај најчесто имаат хоспитализирани пациенти на возраст меѓу 25 и 40 години.

Се поголемата смртност ги оптеретува капацитети накрематориумите во светот. Индија и Бразил се држави кои секојдневно пријавуваат најмногу смртни случаи во рамки на еднонеделен просек. Многу здравствени експерти веруват дека официјалниот број на смртни случаи од Ковид е потценет на глобално ниво, а СЗО минатиот месец процени дека бројот на смртни случаи е многу поголем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.