Над 40.000 косовски Албанци чекаат виза за Германија

Масовно заминување од Косово покажува дека во последните две години не е направено ништо на економски план за да сакаат луѓето да останат и да се обидат да обезбедат егзистенција, објави порталот Индекс онлајн.

Според тој портал, околу 40.000 луѓе во овој момент чекаат одговор од амбасадата на Германија за добивање работна дозвола и што побрзо да го напуштат Косово.

Тој број се однесува само за оние кои веќе обезбедиле работно место, но многумина се и оние кои би заминале но досега не нашле работа.

Моментно за виза во германската амбасада чекаат луѓе кои барање поднеле во 2017 година, објави порталот. Според нив, од германската амбасада им е одговорено дека голем број барања се одобрени особено за оние кои имаат договори со сериозни компании.