Над 40 отсто излезност до 17 часот – највисока излезност во Вевчани, Конче и Ранковце, најниска во Сарај и Шуто Оризари

Од 83,29 обработени податоци од избирачки места на кои се гласа, до 17 часот излезноста е 42,85 отсто .

Највисока излезност, со над 70 отсто, има во Вевчани, Конче и Ранковце. Најниска, пак, под 30 отсто, има во Сарај и Шуто Оризари.

На ниво на град Скопје процентот на излезност е 39,99, а најголема излезност има во Карпош.

Од ДИК соопштија дека продолжување на времето за гласање ќе во девет избирачки места каде сабајлево имаше проблеми со уредите за биометриска идентификација, па гласањето започна подоцна.