Над 40 отсто од тестираните во последните 24 часа се позитивни на коронавирусот, починаа уште 32 луѓе – крахира системот на Филипче

Во последните 24 часа во Македонија со направени 2.019 тестирања, заразата со новиот коронавирус е потврдена кај уште 820 лица, а бројот на починатите од последици на компликациите поврзани со Covid-19 се зголемил за уште 32, додека во последното деноноќие оздравеле 895 пациенти, соопшти во неделата вечерта Министерството за здравство.

Уделот на позитивните тестови во вкупниот број анализирани примероци имајќи го предвид сразмерниот број помалку тестирања кои се спроведуваат вообичаено преку викендите е значително повисок од претходните денови. Така во, пресекот за саботата беа потврдени 1.022 коронаинфекции од 3.127 тестирани примероци, а ден претходно со 3.084 тестирања беа регистрирани 1.093 заразени.

Вкупната бројка ковиддијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 21.412.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Од регистрираните 820 нови случаи на коронаинфекции во Скопје се потврдени 279 случаи, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 26877, активни 10150
  • Куманово 3738, активни 942
  • Дебар 462, активни 97
  • Штип 2662, активни 558
  • Прилеп 2983, активни 1047
  • Тетово 3812, активни 961
  • Струга 1446, активни 456
  • Велес 1962, активни 718
  • Битола 2041, активни 891
  • Охрид 1595, активни 618
  • Кавадарци 1247, активни 496
  • Гостивар 2516, активни 942
  • Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 1705, активни 597
  • Крива Паланка 429, активни 126
  • Радовиш 428, активни 118
  • Крушево 129, активни 71
  • Кочани 1241, активни 288
  • Пробиштип 364, активни 91
  • Демир Хисар 199, активни 87
  • Македонски Брод 169, активни 47
  • Пехчево 100, активни 23
  • Берово 361, активни 94
  • Валандово 217, активни 69
  • Виница 373, активни 159
  • Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 154, активни 53
  • Свети Николе 836, активни 235
  • Кичево 1263, активни 517
  • Ресен 459 активни 191
  • Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 634
  • Гази Баба – 1520
  • Аеродром -1461
  • Карпош – 1191
  • Центар – 1103
  • Кисела Вода – 1250
  • Ѓорче Петров – 878
  • Бутел – 603
  • Шуто Оризари – 200
  • Студеничани – 54
  • Сарај – 171
  • Арачиново -33
  • Илинден – 270
  • Сопиште – 59
  • Чучер Сандево – 104
  • Петровец –140
  • Зелениково -83
  • Странец – 214
  • Нераспределен- 182,

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17,  Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.