Над 400 пилоти го тужат ‘Boeing’ за прикривање на дефектите кај моделите ‘737 MAX’

174

Повеќе од 400 пилоти поднеле тужба против американскиот гигант во воздухопловната индустрија „Boeing“ поради „невидено прикривање“ на дефектите при констукцијата на моделите „737MAX“, пренесува австралиската телевизија ABC News, повикувајќи се на судски документи.

Според податоците со кои располага телевизијата, пилотите кои ги минале подготовките за летање со моделите воздухоплови „Boeing 737MAX“, поднеле тужба против компанијата поради одлуката што ги довела во ситуација да се соочат со лични загуби и психолошки проблеми, откако многу воздухопловни компании во светот престанаа да летаат со овој модел.

Повикувајќи се на документите од судот кои биле на увид на телевизијата, во извештајот се наведува дека пилотите го обвинуваат американскиот производител на авиони „Boeing“ за „учество во невидено прикривање на познати за неа дефекти при конструирањето на моделите 737MAX, коишто очигледно ги предизвикале несреќите на двата авиона од типот 737MAX и натамошно суспендирање на експлоатацијата на овој модел во целиот свет“.

Во прилогот се посочува дека првото сослушување за случајот ќе се одржи пред судот во Чикаго на 21-ви октомври годинава.

Летовите на авионите од моделите „737MAX“ беа суспендирани во САД и во многу други земји во светот, откако се урнаа два патнички авиона од овој тип. Во март годинава „ Boeing 737 МАХ“ на водухопловната компанија „Ethiopian Airlines“ се урна во близина на етиопскиот град Дебре-Зијт, кога загинаа 157 патници и членови на екипажот. Претходно во ноември 2018 година, авион од истиот модел на индонезиската компанија „Lion Air“ се урна во Индонезија кога загинаа вкупно 189 луѓе.

По втората трагедија, околу дваесет земји во светот го затворија својот воздушен простор за прелет на овој модел авиони, а многи воздухопловни компании ги суспендираа летовите со „Boeing 737 МАХ 8“. Американската Федерална агенција за цивилно воздухопловство, исто така, привремено ја забрани експлоатиацијата на овие модели авиони. Во текот на истрагата за причините за двете несреќи, индетификувани беа можни грешки на системот за корекција на маневрирањата (MCAS). Компанијата „Boeing“ потоа објави дека ги решава овие недостатоци со ажирурање на софтверот и дополнување на програмата за обука на пилотите.

Засега не е назначен датумот за почетокот на безбедносните тестирања на авионите „Boeing 737 MAX“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.