Над 440 лица се евакуирани во поплавите во Србија

Во Србија поради поплавите евакуирани се над 440 лица, а досега нема жртви, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби при српското МВР Предраг Мариќ.
Поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија е отежнато и снабдувањето со вода за пиење во загрозените реони.

Поради новонастанатата ситуација денеска во Белград ќе заседава штабот за вонредни состојби, кој ќе биде претседаван од премиерот во оставка Ивица Дачиќ.

На сите критични места, Куршумлија, Прокупље, Лучани и Заечар, забележано е стабилизирање на нивото на водата.

Вонредна состојба е прогласена во пет општини.