Над 50.000 руски војници ќе земат учество на големи воени маневри

Над 50.000 војници неделава ќе земат учество во големите руски воени маневри, јави ДПА.

Вежбата, наречена „Восток 2022“, ќе опфати распоредување на 5.000 парчиња оружје и воена опрема, како и 140 авиони, 60 воени бродови и други пловни објекти, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Предвидено е маневрите да почнат во четврток и да траат до следната среда, а ќе се одржи на воените полигони за обука во источен Сибир и рускиот Далечен Исток, како и во Јапонското Море.

Наводно, војниците распоредени во странство, веќе пристигнале во областа за обука, вклучувајќи ги оние од Белорусија, Кина, Индија.

Вежбата, што се одржувања на шест месеци од почетокот на руската воена интервенција во Украина, според Министерството, е за да се обезбеди воената безбедност на Русија и на нејзините сојузници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.