Над 50 лица го напуштиле седиштето на украинската служба за безбедност

Над 50 лица го напуштиле локалното седиште на украинската служба за државна безбедност (СБУ) по преговорите на демонстрантите и официјалните лица.

Во соопштението се наведува дека 51 лице ја напуштило зградата без оружје и дека не е јасно дали се демонстранти или заложници.

Руската невладина агенција „Интерфакс“ подоцна јавила дека 56 лица излегле од зградата на СБУ во Лугански и дека преговорите продолжуваат за да се стави крај на „окупацијата на зградата“.

На сајтот на СБУ стоело соопштение дека демонстрантите го зазеле локалното седиште на државната безбедност во Лугански и дека го минирале и држеле 60 лица како заложници.

Но, агенцијата „Итар тас“ наведува дека нема заложници во зградата на СБУ во Лугански и просториите не се минирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.