Над 50 отсто скопјани имаат негативно мислење за градоначалникот Шилегов

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на брифингот со новинарите во четвртокот информираше дека во најновата анкета која ја нарачала партијата повеќе од половината од испитаниците имале негативно мислење за актуелниот градоначалник на градот Скопје.

Во анкетата која ја спровела ИПСОС врз 1.012 испитаници, дури 53 отсто  се изјасниле дека имаат негативно мислење за каднидатот од редовите на СДСМ Петре Шилегов, додека само 18 проценти имаат позитивно мислење.