Над 50 жртви во две несреќи во Пакистан

Најмалку 51 лица загинаа во две сообраќајни несреќи на западот од Пакистан во неделата, откако автобус излетал од мост во клисура и се превртел чамец кој превезувал едно одделение деца.

Најмалку 41 лице загинале во автобуската несреќа во југозападната покраина Балочистан, а најмалку 10 ученици смртно настрадале во чамецот на северозападот од земјата, потврдија пакистанските власти.

Девет ученици сѐ уште се водат како исчезнати, соопшти локалната полиција додавајќи дека во тек е операцијата за потрага и спасување. Засега не се познати причините за оваа трагедија.

Патничкиот автобус удрил во столб и паднал од мостот, при што се запалил. Со него се превезувале 44 патници од Квета, најголемиот град провинцијата Балучистан до Карачи, мегалополисот во соседната провинција Синд. Несреќата се случила во близина а градот Бела, во областа Лазбела.

Помошникот на комесарот во Бела, Хамза Анџум Надим, изјави за медиумите дека се извлечени телата на 41 лица, меѓу кои жени и деца, а спасени се тројца повредени патници.

„Несреќата се случила поради преголема брзина и откако автобусот удрил во столб од конструкцијата на мостот. Набрзо се запалил откако паднал од мостот“, рекол Надим.

Според него, телата на жртвите биле јагленосани до непрепознатливост и испратени се во Карачи за ДНК анализа,.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.