Над 60 уапени лица во операција против организацијата на Седат Пекер во Истанбул

Повеќе од шееет осомничени лица се приведени во операциите против криминалната организација на Седат Пекер изведени во петокот претпалднето на 121 локација во провинциите на Истанбул, Анкара, Кочаели, Трабзон и Хатај, како и во мегалополисот Истанбул, пренесуваат турските медиуми во врска со полициската акција преземена врз бизнисменот за кој изминатата седмица во Македонија беше утврдено дека добил фалсификуван македонско пасош со кој го избегнувал прогонот од турските правосудни власт.

Во претрерите и рациите во Истанбул изведени на 74 адреси биле приведени 43 лица, додека полицијата претпладне вршела претрес и во вилата и џипот на Седат Пекер, за кој се тврди дека е во странство и во четвртокот негираше дека поседува македонски пасош со лажен идентитет.

Припадниците одделот за борба против организиран криминал на истанбулската полција досега упасиле вкупно 63 лица, а извршиле упад и во вилата на Седат Пекер во областа Бејкоз.

„Како резултат на сеопфатните испитувања на Одделот за борба против организираниот криминал на Полицискиот оддел во Истанбул со цел откривање на  криминалната организација предводена од Седат Пекер и откривајќи ги нејзините дејствија, утврдено е дека организацијата била вклучена во многу кривични дела и членови на организацијата кои ги извршиле овие дела.Во истовремената акција против 63 осомничени во пет провинции на 09.04.2021 година, многу осомничени беа фатени и приведени како криминалните елементи. Против лицата беа покренати неопходни постапки “, гласи соопштението на полицискиот оддел во Истанбул.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.