Над 600 илјади Американци подготвени за упад во ‘Зона 51’

Повеќе од 600 илјади луѓе на Facebook изразиле желба да учествуваа во упадот во американската воена база „Зона 51“ во сојузната држава Невада, а нивната цел е да ги видат вонземјаните наводно криени таму.

Воената база „Зона 51“ во Невада со децении во јавноста е повразувана со теориите на заговорот за вонземските форми на живот. Така, во филмот од 1996 година „Денот на независноста“, базата е прикажана како лабораторија во којашто се изведувале експерименти над вонземјани, но нејзината сегашна намена е непозната. Американските власти официјално го признаа постоењето на базата дури во 2013 година, и во моментов таа и натаму е строго заштитен објект.

„Сите ние ќе се сретнеме во туристичкото место Alien Center во ‘Зона 51’ и ќе го координираме нашето влегување“, пишуваат организаторите на настанот.

До саботата повеќе од 600 илјади луѓе изјавиле на социјалната мрежа дека ќе учествуваат во настанот, а уште 592 илјади пројавиле интерес за него. Настанот е закажан за 20-ти септември.

Организаторите, исто така, им предлагаат на оние кои ќе земат учество во настанота да трчаат „како Наруто, за да ги избегнат куршумите“, следејќи го уникатниот стил на главниот лик на јапонското аниме „Наруот“, кој трча со рацете испружени наназад и наведната глава.

Минатиот месец изданието Politico објави дека американските сенатори одржале затворени за јавноста сослушувања во врска со неидентификуваните летечки објекти (НЛО – UFO). Според информацијата, претставниците на воената морнарица ги информирале сенаторите за средбите на американски пилоти со објекти на неборот, кои не можеле да ги препознаат. Портпаролката на сенаторот Марк Воренер, потпретседател на сенатскиот Комитет за разузнавање, потврдила дека Конгресот сериозно му приоѓа на ова прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.