Над 600 летови откажани поради штрајк во Германија

Речиси 640 летови се откажани во четвртокот во Германија поради штрајкот на безбедносниот персонал, соопштија аеродромите во Диселдорф, Келн-Бон и Штутгарт.

Станува збор за повеќе од половината од 1.050-те летови коишто денеска беа планирани на споменатите аеродроми. Во Диселдорф, третиот по големина аеродром во Германија, откажани се 370 од 580 летвои, соопшти компанијата која управува со него. На аеродромот Келн-Бон, каде што е откажан 131 чет од речиси 200-те, штрајкот значително го забавил и товарниот сообраќај. Минхенскиот аеродром, на кој не се штрајкува, мораше да откаже стотина летови поради последицифте од штрајкот.

Според извештајот на новинската агенција DPA, стотина илјади патници ќе трпат поради штрајкот кој започна во 3 часот по средноевропско време и ќе трае до полноќ кон петокот.

Од синдикатот Verdi за агенцијата рекле дека 23.000 припадници на обезбедувањето коишто ги застапуваат на германските аеродроми, бараат зголемување на сатницата од 17 на 20 евра по час. Сојузното здружение на компаниите за безбедност во водухопловниот сообраќај (BDSL) нуди, пак, зголемување на платите за 2 до 6,4 отсто. Следниот груг на преговорите меѓу синдикатот и здружениезто ќе се одржи на 23-ти јануари.