Над 7.000 руски војници се вакцинираа против ковид-19

Повеќе од 7.000 припадници на руската армија се вакцинирани против коронавирусот, изјави денеска заменикот министер за одбрана Тимур Иванов.

– Од почетокот на декември добивме 14.500 вакцини. Оваа количина е испратена до Северната флота и штабот на Министерството за одбрана на Руската Федерација. Од нив, вакцинирани се 7.175 припадници – објасни Иванов, пренесува ТАСС.

Според него, исполнети се сите услови за транспорт, бидејќи руската вакцина мора да се чува на температура од минус 18, а за тоа биле користени специјални контејнери и фрижидери.

– Во моментов вакцинираме повеќе од 1.500 наши припадници на ден – додаде рускиот заменик-министер за одбрана.