Над 70 цивили загинаа од почетокот на турската акција во Сирија

Повеќе од 70 цивили загинаа во северниот дел на Сирија од почетокот на воената операција на Турција и нејзините сојузници од вооружената сириска опозиција, објави телевизијата „Ал Арабија“.

Според податоци на телевизијата, поради воените дејствија во земјата околу 300.000 лица ги напуштиле своите домови.

Анкара на 9 октомври започна операција во северниот дел на Сирија, наречена „Извор на мирот“, чија цел е создавање заштитна зона покрај турската граница. Според турските власти, тука ќе можат да се вратат сириските бегалци кои Турција ги прифати на своја територија.