Над 70 хоспитализации од Covid-19 за 24 часа во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 72 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 692 лица сомнителни и потврдени за Covid-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 33 приеми.

Во ковид центарот во Гратската општа болница „8-ми Септември“ имало 10 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни. Не биле примени пациенти на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 72 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 306 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 104 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 6 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Вкупно 692 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приемите во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.