Над 70 отсто од граѓаните сметаат дека локалната самоуправа не презема ништо за справување со загадувањето

Дури 72 отсто од граѓаните одговориле дека локалната самоуправа не презема никакви мерки за справување со загадувањето, во анкета спроведена минатата недела од веб-порталот www.skopjeinfo.mk.

Од вкупниот број испитаници, 26 отсто одговориле дека општината презема мали мерки, а само два отстп метаат дека општината презема задоволителни мерки за справување со загадувањето.

Понатаму, на прашањето „Што треба да биде приоритет на локалната самоуправа?“ најголемиот дел од граѓаните сметаат дека животната средина треба да биде најважен приоритет, натаму на скалата е инфраструктурата, безбедноста, образованието, здравството…

Истражувањето има  цел да ја открие и детектира перцепцијата и очекувања на граѓаните од новата локалната самоуправа, како и да направи анализа за тоа како граѓаните гледаат на одредени локални прашања.

 

Истражувањето се реализираше во периодот од 25 до 30.11.2017 година, а во него беа опфатени 1000 испитинаци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.