Над 70 отсто од жителите на Киев се без струја

Над 70 отсто од жителите на Киев остануваат без струја од четврток наутро, водоснабдувањето во градот е делумно обновено, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Според Кличко, враќањето на електричната енергија во главниот град зависи од обновувањето на рамнотежата во украинскиот електроенергетски систем.

Водоснабдувањето во градот сега е обновено на левиот брег. Во меѓувреме на десниот брег вода треба да има во првата половина од денот, додаде градоначалникот.

Според медиумот, проблемите со електричната енергија остануваат во Одеса. Конкретно, електричен транспорт денеска нема да сообраќа во градот. Како што известуваат локалните власти, градот бил напојуван од критична инфраструктура.

Во средата беше прогласена воздушна тревога низ цела Украина, која траеше повеќе од два часа. Има извештаи за експлозии и оштетувања на инфраструктурата во Киев, Лвов, Харков, Одеса, Днепар, Николаев и други градови. Огромното мнозинство на жители на Украина останаа без струја. Сите три нуклеарни централи под контрола на Киев во Хмелницки, Јужна Украина и Ровне беа итно исклучени од електричната мрежа.