Над 7000 жртви на коронавирусот во Македонија: По смртност сме на врвот во црната светска статистика!

Досега во Македонија се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931.

Од почетокот на пандемијата до денес коронавирусот зеде 7.019 жртви од Македонија.

Бројот на активни случаи изнесува 6.107. Најголем дел од нив се од главниот град Скопје.

Со над 7000 починати граѓани од коронавирус, Македонија се наоѓа на црниот врв на табелата со држави по смртност на населението од коронавирус.

Според глобалниот сајт за коронавирус „Worldometers“, Македонија е трета во светот по бројот на починати на 1 милион жители, односно 3.369 жртви на еден милион жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.