Над 740 апликации пристигнале досега за инвертер клими

До Град Скопје на електронската адреса https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020 досега се пристигнати 744 апликации од граѓани кои купиле инвертер клима и сега бараат градските власти да им ги рефундираат парите, објави Вечер.

– Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од први јануари годинава, до завршувањето на повикот на 30 ноември 2020 години или до денот на исцрпување на средствата. Еден од условите е граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена – информираат од Град Скопје.

Јавниот повик беше распишан на 3 јули и за само една недела се пристигнати близу 750 барања.

– Согласно со условите на овој јавен повик се отвора можноста за над 5.000 граѓани на Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ. Сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на повикот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот – иформираше портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.