Над 80 отсто Украинци против територијални отстапки во замена за мир со Русија

Ново истражување покажало дека 82 отсто од Украинците веруваат дека нивната земја во никој случај не треба да отстапи свои територии како дел од мировен договор со Русија.

Меѓународниот институт за социологија во Киев интервјуирал 2.000 возрасни граѓани на Украина во периодот од 13-ти до 18-ти мај, при што 82 отсто од испитаниците рекле дека не поддржуваат територијални отстапки.

Само 10 отсто веруваат дека некои области може да се напуштат за да се постигне мир и да се зачува независноста. Според анкетата, 77 отсто од Украинците кои живеат на територијата окупирана од Русија наводно се противеле на какви било отстапки. На истокот од земјата, каде што моментално се водат најинтензивните борби со руските сили, само 19 отсто од испитаниците се изјасниле дека се подготвени за територијални отстапки, а 68 отсто се против.

Во јужна Украина, 83 проценти од испитаниците рекле дека се против какви ида се територијални отстапки, а девет отсто сметаат дека е прифатливо Украина да отстапи територија со цел постигнување мир.

Од почетокот на руската воена интрвенција во Украина се споменуваат одвојувања на украинската територија во полза на соседните земји, кои историски полагаат право на одделни области или тие се населени со нивни малцинства. Но во последната седмица сѐ погласни се изјавите дека би можел да се постигне договр за мир меѓу двете земји, со некои териоторијални отстапки од страна на Киев.

Белорускиот претседател Александр Лукашенко изјави во понеделникот дека е загрижен поради тоа што Западот се обидува да ја распарчи Украина и ја обвини соседна Полска да го заземе западниот дел од земјата. На средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи, кој беше пренесува на телевизијата, Лукашенко рече дека Киев на крајот ќе мора да побара помош од нивните две земји за да го спречи заземањето на западна Украина.

Полскиот претседател Анджеј Дуда претходно во неделата ја понуди помошта на Варшава во оддржувањето на Украина, и покрај шпекулациите дека неговата земја е заинтересирана за некои територии присоеднити на Украина од СССР по Втората светска војна, пред пратениците во Киев.

„Се појавија загриживачки мислења дека Украина би требало да се согласи на барањата на (рускиот претседател Владимир) Путин. Само Украина има право да одлучива за својата иднина“, рече Дуда без да прецизира кои се барањата на Москва.

Киев е поддржан во тврдењата главно од Лондон и Вашингтон дека ѝ нанел на Русија воени несупеси, па е нејасно поради што украинските функционери се загрижени дека ќе се најдат под притисок да жртвуваат територија за постигнување мировен договор.

„Војната мора да заврши со целосно обновување на украинските територијален интергитет и суверенитет“, објави во неделата на Twitter шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Ермак.

Главниот украински преговарач во преговорите кои од крајот на март по средбата во Истанбул не се обновија, Михаило Подолјак, претходно во неделата ја отфрли можноста за територијални концесии и ги отфрли повиците за прекин на огнот, велејќи дека тоа би значело дека руската војска ќе остане на заземената украинска територија, што за Киев е неприфалтиво.

„(Руските) сили мора да ја напуштат земјата, по што ќе може да продолжи мировниот прцес. Концесите би можеле да имаат спротивен ефект, бидејќи Русија прекинот на борбите ќе го искористи за да закрепне и да се врати уште посилна“, изјави Подолјак во интервјуто за агенцијата Reuters објавено во саботата, и споменатите повици на моментален прекин на огност ги нарече „многу необични“.