Над 81 отсто од Русите имаат доверба во Путин

Во услови на веќе четиримесечната, како што официјална Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во соседна Украина, 81,1 отсто од Русија имаат доверба во претседател Владимир Путин, а 78,7 проценти ја одобруваат неговата работа на должноста, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мнение на институтот ВЦИОМ објавени во петокот.

На прашањето дали имаат непосредна доверба во личноста на претседателот, 81,1 отсто од испитаниците одговориле позитивни, додека 15,6 отсто под нив дале негативен одговор.

Исто така високи 78,7 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на претседателот на Руската Федерација, додека 13,4 отсто изразиле неодобрување, пренесува агенцијата РИА.

Телефонската анкета била спроведена на целата територија на земјата во периодот од 13-ти до 19-ти јуни, а биле анкетирани 1.600 граѓани над 18-годишна возраст.