Над 9000 починати од почеток на ковид-пандемијата

Бројката на починати од коронавирус во Македонија од почетокот на пандемијата надмина 9000, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.

Според последниот ковид биланс од вчера регистрирани се нови 378 случаи на Ковид-19 од направени 2.560 тестирања. Од нив, 58 се реинфекции. Министерството за здравство регистрира седум починати пациенти, сите со коморбидитети. Оздравени се 432 пациенти.

Бројот на активни случаи во моментот е 4.172 лица.

Од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 297.081 случај на Ковид-19. Оздравени се 283.908, а починати 9.001 лице.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.