Над дваесетина пожари беснеаат низ Австралија

Поради високите температури дваесетина пожари беснеат низ Австралија, топлото време го отежнува локализирањето на огнената стихија.

Во главниот град на Јужна Австралија, Аделаида, вчера беа измерени 45 степени, што е блиску до рекорднот од 1939 година кога беа измерени 46.1 степен.

Вчера во Јужна Австралија беа регистрирани 350 пожари, а од нив, денеска горат уште 14. Во државата Викторија се регистрирани 256 пожари, а од нив 29 горат и денеска, од кои 16 се надвор од контрола.  Дел од пожарите се предизвикани од удар од гром.

Според пожарникарите најкритично ќе биде утре и во петок, бидејќи метеоролозите најавија ветер.

Во Јужна Австрлија една жена се здобила со изгореници на рацете додека се обидувала да го изгаси пожарот во нејзиниот дом, а во Викторија лекарска помош им е пружена на десетина пожарникари поради истоштеност.

Во престолнината на Викторија, Мелбурн, каде се одржува тенискиот турнинр „Австралија опен учесниците се принудени поради високите температури да ставаат ќеси со лед на главата и вратот го издржат натпреварот.