Над две тони кокаин меѓу банани запленети во Латвија

Латвиската полиција во понеделникот во градот Кокнесе, 90 километи јуозападно од престолнината Рига, запленила повеќе од две тони кокаин од Еквадор, што претставува рекордна заплена на оваа дрога во балтичаката земја.

„Кокаинот бил наменет за некоја друга земја, веројатно за дилери во Скандинавија. Одземавме 2.195 пакети со 80 отсто чист кокаин во 42 кутии за банани“, изјави за медиумите началникот на латвиската криминалистичка полиција Андрејс Грисинис.

„Цената на голема на кокаинот изнесува околу 30.000 евра по килограм. Трговците со дроги загубија 65 милиони евра, но можната вредност на овој кокаин кога би стасал на дестинацијата би можела да достигна и милијарда евра“, додал Грисинис.

Во текот на полициската операција приведен се пет Латвијци. Им се заканува до 15 години затвор.

Операцијата ја воделе латвиската и еквадорската полиција, како и канцеларијата на американската Агенција за сузбување на дрогите (DEA) во Копенхаген, рекол шефот на државната полиција Интс Кузис.