Над две тони кокаин најдени на француските плажи од неделата

Повеќе од две тони кокаин во вреќи се пронајдени минатиот викенд и во средата на францускиот брег во Ла Манш, со проценета пазарна вредност од речиси 150 милиони евра, изјавил за AFP во четвртокот добро информиран извор.

Во неделата наутро на плажата во Ревил, на северозападот од Франција, биле пронајдени неколку вреќи со околу 850 килограми кокаин.

Во средата во Виси-сур-Мер биле пронајдени уште шест вреќи. Овојпат станува збор за тон ипол кокаин, што е вкупно 2,3 тони, „историско“ количество, вели соговорникот на агенцијата.

Државното обвинителство во Шербур започна истрага на почетокот на седмицата.

Не е утврдено од каде потекунуваат херметички затворените вреќи пронајдени на брегот. Тие можеби биле фрлени во морето за да се избегне контрола или можеби паднале од бродот во морето, рекол изворот.

Инспекторите се обидуваат да утврдат како дрогата стигнала на брегот. Полицијата соопшти дека „внимателно го следи“ секторот од воздух.

Ова не е првпат да се најде кокаин на францускиот брег. На крајот на 2019 година, на плажата од Сент Жан-де-Луз до Камарето беа пронајдени вкупно 1,6 тони бел прав. На крајот на мај 2022 година, колачи со кокаин со тежина од околу 21 кгр беа пронајдени на плажата во Берк, на северот на Франција.

Во средата, на прес-конференција посветена на билансот во 2022 година во борбата против трговијата со дрога, Габриел Атал, министерот за финансии, извести за „историското“ заплена на 1,9 тони кокаин во пристаништето Авр, на северозапад, спроведена на 19-ти февруари.

Во текот на минатата 2022 година во Франција се запленети 27,7 тони од оваа дрога, што е зголемување за 5 отсто во однос на претходната 2021 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.