Над милијарда долари за Авганистан, помош како алатка за притисок врз талибаните

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика во понеделникот донаторите кои ветија 1,1 милијарда долари за Авганистан оваа хуманитарна помош да ја искористат како алатка за притисок врз талибаните нивната власт да ги почитува човековите права на Авганистанците.

„Доколку сакаме да ги унапредиме правата на авганистанскиот народ, најдобар начин е да се напредува со хуманитарната помош, да се разговара со талибаните и да се искористи хуманитарната помош за спроведување на правото“, појасни Гутереш.

Ваквата стратегија би можела да го сочува постигнатото во изминатите 20 години, оцени генералниот секретар на ОН на прес-конференцијата во Женева на маргините од министерскиот состанок за Авганистан кој е на работа од економски крах и глад, поради децениските војни, временските непогоди, бегството на населението откако талибаните на средината од август се вратија на власт, а странските трупи се повлекоа од земјата.

„Не треба да се залажуваме. Нема да се обидуваме да го претвориме Авганистан во Шведска или Швајцарија, но знаеме дека постои одреден број елементарни права кои апасолутно треба да се почитуваат“, рече Гутереш.

Тоа особено се однесува на правите на жените кои талибаните, како што рече се чини, талибаните сакаат да ги подјадат и покрај ветувањата.

„Оваа конференција потполно ги исполни моите очекувања во поглед на солидарноста со народот на Авганистан“, додаде Гутереш кој конференцијата ја свика бидејќи „на авганистанскиот народ му е потребно јаже за спасување“. На состанокот онлајн во живо се вклучија повеќе од 40 министри.

Ова беше првата донаторска конференција откако талибаните ја преземаа власта во Авганистан. Многу земји во понеделникот во Женева истакнаа дека нема да ја условуваат краткорочната хуманитарна помош, но дека натамошната соработка со талибаните ќе зависи од нивниот третман на хуманитарните активисти, жените, децата и малцинствата.

„Мислам дека тоа е нешто што на меѓународната заедница ѝ дава влијание“, рече Гутереш.

Генералниот секретар не можеше да каже колку пари ќе бидат насочени во буџетот на ОН за итни состојби следните месеци, а колку ќе бидат распоредени во други фази и форми.

Од ОН проценуваат дека на Авганистан до крајот на година ќе му бидат потребни повеќе од 600 милиони долари за да се избегне гладта на населението и колапс на јавните услуги. Недостигот од храна драстични се влошила откако талибаните ја преземаа власта, пишува германската новинска агенција DPA.

„Светот би требало да соработува со нас. Во државата е одржана безбедноста, а луѓето имаат економски тешкотии: недостигаат храна и лекови“, рече портпаролот на талибаните Забиула Муџахид.

ОН проценуваат дека 93 отсто од авганистанските домаќинства немаат доволно храна. Хуманитарната помош ќе биде насочена и на одржување на јавните услуги кои се пред колапс, како што е здравството и пристапот до вода за пиење.

Ќе бидат финансирани и заштитни мерки за децата и жените, центрите за засолнување за нив и училиштата. Хуманитарните работници ќе добијат средства за помош на повеќе од 3,5 внатрешно раселени лица и 2 милиона кои побегнаа во соседните земји.

 

Зборовите не се доволни

Соединетите држави од талибаните побарале писмени гаранции во замена за хуманитарната помош, изјави американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

„Зборовите не се доволни. Мораме да видиме дејствување. Хуманитарните организации не може да ја работат својата работа доколку талибаните нема да ги почитуваат основни обврски и хуманитарните начела“, предупреди американската амбасадорка.

Додаде дека во прашање се правата на хуманитарните организации, на жените и на разните малцинства. Најави американска помош од 64 милиони долари.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас рече дека сака дополнително зголемување на издвојувањата за Авганистанците.

„Германија веќе ја зголеми својата хуманитарна помош на Авганистан и регионот за 100 милиони евра. Планираме да дадеме уште 500 милиони евра за поддршка на Авганистан и соседните држави“, рече Маас.

Франција ќе помогне со 100 милиони евра итна помош, најави во Женева министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.