Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) досега има добиено барања од различни земји во светот за вкупно над 1,2 милијарди дози од руската вакцина.
-РДИФ доби барања за повеќе од 1,2 милијарди дози од вакцната за периодот 2020-2021 година. Повеќе од 50 земји во Европа, Азија, Средниот исток и Латинска Америка поднесоа апликации – информира шефот на РДИМ, Кирил Дмитриев, за руските медиуми.
Претходно, РДИФ објави договори постигнати со партнери во Мексико за набавка на 32 милиони дози, со Бразил до 50 милиони дози, Индија за 100 милиони дози и Непал за 25 милиони дози вакцини.
-Гледаме голем интерес за вакцината од голем број азиски земји. Во врска со ова, РДИФ изразува подготвеност за снабдување со вакцини на други земји во регионот, бидејќи корона вирусот е наш заеднички непријател, што може да се победи само со заеднички напори – изјави Дмитриев.
Руската вакцина е првата регистрирана вакцина против корона вирус. Произведена е од институтот Гамалеја, а на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Руската Федерација.